ЗА НЕНИ КОМПАНИ

Нени Компани е фирма во приватна сопственост основана во 1995 год. во Скопје. Главна дејност на фирмата е малопродажба на текстилни производи, претежно од реномирани брендови. Целта на фирмата е максимално да ги задоволи потребите и желбите на своите потрошувачи, пред се со изборот на висококвалитетни производи.
Со самото основање, во склопот на фирмата e бутикот “City fashion”во Градскиот Трговски Центар во Скопје. Во 2012 година го отворивме ексклузивниот бутик “City Fashion” во шопинг центарот Skopje city mall, a во Ноември 2015 година го отворивме бутикот “City fashion OUTLET”.

Од самото основање па до денес фирмата е во постојан развој, и ако на почетокот беа присутни само неколку брендови, денес портфолиото на брендови кои се продаваат во нашите бутици е: Pierre Cardin, Armani jeans, LAGERFELD, EA7-Emporio Armani, JOOP!, Seidensticker, Eterna, Club of comfort, Croata, Lindenmann, Antony Morato…

Покрај малопродажните активности, Нени Компани е доста активна и во големопродажна активност, односно снабдувањето на многубројни државни институции и приватни фирми со висококвалитетна и модерна “корпоративна”облека.

И покрај зголемената конкуренција на македонскиот пазар, Нени Компани успешно ги извршува своите активности и постигнува значителни резултати во максималното задоволување на своите потрошувачи.