“ПЈЕР КАРДЕН” – БУТИК НА ГОДИНАТА И ПРИЗНАНИЕ ЗА 20-ТИОТ РОДЕНДЕН

Продавницата за модерна гардероба “Пјер Карден” е првонаградена во категоријата бутици на традиционалното прогласување на најдобрите трговски објекти за оваа година во Скопје. Оваа престижна награда се доделува во рамките на манифестацијата Месец на трговија што Градот Скопје ја реализира во соработка со Агенцијата Swat Research.

Наградата за Најдобар бутик во 2015 година, доаѓа и како своевидно признание за дваесетгодишното успешно егзистирање и работење на модната продавница и, воопшто, на позиционирањето на познати интернационални брендови во “Пјер Карден”, лоциран во Градскиот трговски центар во Скопје.

“Исклучително сме задоволни и чест ни е што сме првонаградени во категоријата Бутици за 2015 година. Ова го разбираме и како награда за сите 20 изминати години, колку што, всушност, го создаваме идентитетот и авторитетот на бутикот Пјер Карден на пазарот. Многу сме задоволни што граѓаните ги препознаваат овие вредности и ни ја даваат довербата и поддршката.”, изјави Ненад Атанасов, Генерален менаџер на Нени Компани, сопственик на бутикот “Пјер Карден”.

Манифестацијата Месец на трговијата, Градот Скопје годинава беше организирана по деветти пат, а целта е да се поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки.

 

 Печати  Е-пошта

Регистрирај се за новости

Име:
Email:

Contact us

Кеј 13 Ноември, кула 3/23 Г.Т.Ц.
Скопје 1000 Македонија
Телефон: +389 (0)2 3239 000
 Факс: + 389 (0)2 3165 711

News

10.08.2015 Пристигна дел он новата Есен/Зима’15 колекција од брендовите: Pierre Cardin, Lagerfeld, Armani Jeans (машка и женска колекција), EA7 Emporio Armani, Antony Morato ….
20.07. попуст до -50% на колекцијата пролет/лето
07.07.2015 10% за еден, 20% за два и 30% попуст за три купени производи
23.05.2015 Во очекување на летните одмори, пристигна колекцијата ЕА7-Emporio Armani BEACHWEAR, го голем асортиман на купачи, пешкири, папучи и сл.
12.04.2015 Пристигна комплетната Летна колекција