0
ВРАБОТЕНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ
0
ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА

НЕНИ КОМПАНИ претставува современа, независена и пазарно ориентирана компанија која посветува значајно внимание на своите човечки ресурси, третирајќи ги како најзначаен фактори за успехот.

Инвестирање во човечките ресурси, вложување во тимска работа и стручна едукација во насока на нивен континуиран развој и унапредување на кариерата, претставува еден од клучните приоритети на нашата компанија.

Затоа, доколку сакате да станете дел од тимот на НЕНИ КОМПАНИ, а воедно сте подготвени за динамичка работа во пријатна средина, ја очекуваме Вашата апликација за работа.

Сите апликации се регистрираат во нашата база на заинтересирани потенцијални вработени и, согласно нашите потреби од конкретен профил, истите ќе бидат поканети на интервју.

Напомена: Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите нa Нени Компани, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Нени Компани гарантира дека освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Вашата апликација испратете ја на kariera@nenicompany.com.mk